Владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони објави писмо потпишано од министерот за образование Џузепе Валдитара со кое се забранува употреба на мобилни телефони во текот на наставата.
Во текстот се наведува дека употребата на мобилни телефони претставува „елемент на одвраќање“ и чин на „непочитување кон наставниците“. Главниот приоритет наведен во писмото е враќање на авторитетот на наставниците.
Се наведува и дека употребата на мобилни телефони и други електронски уреди. сепак, ќе биде дозволена во образовни цели.