Италија следната седмица започнува со тестрање на репрезентативен примерок од 150.000 луѓе во две илјади градови и места за да се утврдат вистинските димензии на епидемијата од Covid-19, најави во четвртокот шефот на владиниот научен комитет пред парламентот.
Италија до средата имаше повеќе од 222.000 потврдени случаи на коронавирусот и над 31.000 смртни исходи. Најголем дел од заразените и починатите се во северните региони, додека југот минува речиси и без криза каква што има во остатокот од земјата.
Италија, една од најпогодените во светската пандемија, беше првата европска земја којашто воведе карантин во март за да го спречи ширењето на заразата. Минатата седмица владата започна со олеснувањето на рестриктивните мерки.
„Програмата за тестирање ќе вклучи зналителен примерок граѓани и ќе ни овозможи да видиме колку вирусот се приширил во државата“, изјави Агостино Миоѕо, претседател на спомнатиот научен комитет.
Кон крајот на април владата во Рим објави дека ја избрала американската компанија „Abbott Laboratories“ за набавка на тестовите на крвта.
Пикот на епидемијата во Италија беше забележан кој крајот на март, но земјатѕа и натаму бележи стотици нови слуича и на зараза и смртни исходи на дневно ниво. Стручњаците се загрижени дека епидемијата би можела одново да се разгори, откако мерките ќе бидат олеснети.