Италијанците од 3-ти јуни слободно ќе патуваат во целата земја

ANSA/ EMANUELE VALERI

Италија ќе го дозволи слободното патување во целата земја од 3-ти јуни, пренесуваат медиумите во петокот повикувајќи се на предлогот на владата којашто со попуштањето на рестриктивните мерки сака да ја крене тешко погодената економија на земјата.

Во пеедлог одлуката, која треба да биде усвоена подоцна во петокот но може да биде и изменета дотогаш, се наедува дека движењето во рамките на регионот ќе може повторно да се воспостави од 18-ти мај, а забраната за меѓурегионалните патувања би требало да биде укината на 3-ти јуни.

Укинувањето на забраната за патувања ќе претставува најзначајниот чекор на патот на закрепнување на Италија, која е тешко погодена од епидемијата на коронавирусот. Владата се обидува накако да ја спаси летната туристичка сезона, кога Италијанците традиционално од градовите се селат на море или во планините.

Речиси 31.400 Италијанци починаа како последици од болеста Covid-19 од избувнувњето на епидемијата на 21-ви февруари, и е третата земја според стапката на смртноста зад САД и Велика Британија. Италија е петтата земја, пак, според случаите на зараза со 223.096, зад САД, Шпанија, Велика Британија и Русија.