Италијанка од Ломбардија за време на летниот годишен одмор на островот Сардинија открила дека третпат се заразила со вирусот SARS-Cov-2.
Италијанката, која била на одмор во градот Тертенија на Сардинија, поради други здравствени причини отишла во болница каде што открила дека е повторно позитивна на Covid-19.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, таа претходно во два наврата била во болница поради вирусот, по што била излекувана, односно имала негативни резултати од тестот за коронавирус. Сега е хоспитализирана во градот Лануѕеи.
Според соопштението од локалните власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според „антиковид“ протоколот, нејзините контакти ќе се следат за да се утврди дали има други заразени