Италијанска новинарка се обидела илегално да пренесе мигранти преку границата на БиХ

Италијанска новинарка која следела посета на италијанските пратеници од Европскиот парламент во Хрватска, учествувала во обидот за организање илегално преминување мигранти преку граници од правец на Босна и Херцеговина, потврдија за хрватската агенција Hina од Граничната полиција на БиХ.

Новинарката, којашто полицијата ја идентификува како Паола Л., полициската патрола ја затекнала на 30-ти јануари на босанскохерцеговската страна на границата со Хвратска, кај местото Босанска Бојна.

Советникот на директоро на Граничната полиција на БиХ, Свевлад Хофман, изјавил дека полицајците утврдиле дека новинарката има одоброн престој во БиХ, а изјавила дека во контакт со колеги од Италија кои во моментот на следат посетата на италијанските европарламентарците на Хрватска, односно во граничната област кон БиХ.

„Новинарката побарала од пропадниците на Граничната полиција на БиХ да пропуштат едне група илегални мигранти кон Хрватска за еропарламентаците да може да видат како хрватската полиција постапува со нив“, изјавил Хофман.

Граничните полицајци на БиХ децидно го отфрлиле барањето, а новинарката ја предупредиле дека и самата ги крши прописите движејќи се низ заштитениот граничен појас, и ѝ наложиле да се оддалечи.

Новинарката во тој момент го послушала предупредувањето, но малку подоцна во текот на попладнето граничните полицајција повторни ја затекнале на истото место. А тогаш со неа биле и 11 илегални мигранти од Авганистан кои претходно биле регистрирани во БиХ. Полицијата ги спречил во обидот да ја минат границата и ги вратила во прифатниот центр во Велика Кладуша.

Хофман појаснил дека истрагата за овој случај сѐ уште е во тек, па не исклучено поднесување кривична или прекршичен поднесок против итлијанската новинарка.

Четворица италијански европарламентарци од групата социјалисти и социјалдемократи Пјетро Бартоло, Алесандра Морети, Пјер Франческо Мајорини и Брандо Бенефеи, минатата седмица престојувале во близина на границата меѓу Хрватска и БиХ со образложение дека сакаат да го проверат односно на јрватската полиција кон илегалните мигранти кои се обидуваат да ја мината границата, по извештаите дека хрватските гранични се брутални врз мигрантите. Италијанските европратеници биле следени од група новинари од Италија.

Хрватските гранични полицијаци ги спречиле европарламентарците кои се обидувале да ја минат границата на место на кое тоа не е дозволено, а тие протестирале против тоа.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ ситуацијата ја нарече провокација, а премиерот Андреј Пленковиќ оцени дека станува збор за своевидна политичка претстава, додавајќи дека никому не може да му биде дозволено кршењето на законот.

„Тоа не беше никаква официјална делегација на Европскиот парламент, туку политички потег на италијанските социјалисти. Бев пратеник, знам како се организираат официјалните посети, што сега не беше случај. Главното праволе е да се почитува правната атмосфера во земјата во којашто се престојува“, изјви премиерот Пленковиќ коментирајќи го случајот.