Италијанската полиција ја запрела, како што се верува, една од најстарите сторителки на сообраќањен прекршок на сите времиња, поради возење со истечена возачка дозвола, а нејзината лична карта покажува дека дамата има 103 години.
Пензионерката родена во 1920 година возела автомобил среде ноќ во центарот на малиот северен италијански град Бондено, објавија во вторник локалните власти.
Таа го привлекла вниманието затоа што возела пребрзо околу еден час по полноќ и неколкупати возела низ истите градски сообрачајници.
Полициската патрола при рутинска проверка констатирала дека возачката дозвола ѝ била истечена пред две години, а немала ниту документ за осигурување на автомобилот. Поради тоа, возилото ѝ го одзело и го однело „пајак“.
Виталната шоферка потоа полицијата го однела дома.
На прашањето каде се упатила, таа одговориа дека тргнала кај пријатели кои живеат надвор од градот.
Бондено е мал град во регионот Емилија-Ромања со околу 15.000 жители.