Финансиска полиција денеска изврши рација во канцелариите на Арселор Митал во Милано и Таранто и заплени докази во рамки на истрага за проблематичната фабрика за челик „Илва“ која компанијата сака да и ја врати на Владата.
Случајот ја потресе Владата на премиерот Џузепе Конте и предизвика загриженост поради економските последици од потенцијалното гасење на групата, вклучително и нејзината огромна проблематична електрана во Таранто, јавија италијанските медиуми.
Италијанската Влада во петокот поднесе жалба во обид да го спречи Арселор Митал да излезе од договор за купување на фабриката Илва. Фабриката е голем загадувач и вработува околу 8.200 работници во зона на висока невработеност.
Компанијата најави одлука дека ќе се повлече од договорот, откако Владата ја укина гаранцијата за законски имунитет на нивните менаџери за време на чистењето на фабриката за челик во Таранто.
Владата соопшти дека групата нема законски основи за повлекување од договорот и ја обвини дека имунитетот го користи како изговор да се дистанцира од Илва поради големите загуби.
Официјални лица во Милано истражуваат наводни пазарни манипулации и други кривични дела поврзани со имотот на компанијата, изјави неименуван извор.