Италијанската владејачка партија би ја казнила употребата на странски зборови

Владејачката крајно десна партија Браќата од Италија (FdI) на крајно премиерката Џорџа Мелони поднесе предлог-закон со цел да се забрани употребата на странски зборови и изрази во италијанскиот јазик, сè почеста практика којашто неодамна беше стигматизирана од поранешниот премиер и поранешен шеф на Европската централна банка (ECB), Марио Драги.

Со предлог-законот што во петокот го претстави заменик-претседателот на пратеничката група на FdI, Фабио Рампели, би се вовеле казни од 5.000 до 100.000 евра за јавните службеници кои користат странски наместо италијански зборови во која и да е јавна комуникација, за компаниите што користат странски термини за места за звање работни места и за училишта и универзитети кои користат неиталијански термини, освен ако тоа не е оправдано со присуство на странски студенти.

„Употребата на италијанскиот јазик ќе биде задолжителна за употреба на сите добра и услуги, како и во сите други сфери на животот, каде што неиталијанските изрази станаа широко распространетa појава оставајќи многу луѓе збунети“, рече Рампели.

Минатата година Драги ги прекоруваше луѓето што користат странски термини за да звучат поважно, велејќи дека италијанскиот е убав и јазик на изразувањето (експресивен) што не треба да се замени и истакна дека многу луѓе кои не знаеле англиски останале неуки.

Центристичкото антиестаблишментско опозициско Движење пет ѕвезди (М5С) ги обвини FdI за недоследност, откако министерството за индустрија беше преименувано во „Министерство Made in Italy“, прашувајќи „дали Рампели сака да се откаже од својот колега“ Адолфо Урсо, италијански министер за економија и производство.