Италијански борбен хеликоптер се урна на разурнувач

Италијански повеќенаменски борбен хеликоптер од моделот „AgustaWestland SH.101 Merlin“ е сериозно оштетен по тешкото слетување на палубата на разурнувачот „ Caio Duillio“, пренесува во четвртокот интернет изданието Cittadellaspezia.

Инцидентот се случил во средата ноќта, кога хеликопетерот изведувал тренажен лет во ноќни услови.

Леталото се навалило на едната страна при слетувањето, што предизвикало хаварија на роторот. Пожарот бил спречен благодарејќи на итната интервенција на екипажот на палувабата,

Ниту еден од шесте членови на екипажот на хеликоптерот не е повредени. Причините за инцидентот се истражуваат, се додава во извештајот.

Хеликоптерите „AgustaWestland SH.101“ е главното летало во италијанската воена флотила. Се произведува во две модификации, противподморничка и повеќенамеска.

Разурнувачот „Caio Duillio“ беше ставен во составот на италијансата морнарица во 2011 година. Бродот е вооружен артилериски орудија од разен калибар, торпеда и противбродски ракети.