Италијанскиот произведувач на луксузни автомобили „Ferrari“ објави дека бил цел на кибернетички напад на доверливи податоци за одредени клиенти ширум светот, како и дека добил барање за откупнина.
Во понеделникот вечерта од „Ferrari“ потврдиле дека „неодамна примиле барање за откупнина во врска со одредени податоци за своите купувачи“.
Хакерите „имале пристап до одредени податоци кои се однесуваат на нашите клиенти, како што се имиња, адреси, адреси на електронската пошта и телефонски броеви, но не и банкарски податоци. Според нашите сознанија, засега ништо не е објавено на интернет. Внимателно ја следиме ситуацијата“, изјавил во вторникот за AFP во вторникот портпаролот на „Ferrari“.
Од производителот додаваат дека нема да се согласат да платат откупнина, „бидејќи плаќањето на таквите барања би финансирало криминални активности и би им овозможило на актерите на заканите да ги продолжат своите напади“. Кибернетичкиот напад „немал влијание врз работењето на компанијата“, уверуваат од „Ferrari“.
По примање на барање за откупнина „веднаш покренавме истрага во соработка со меѓународна компанија за кибернетичка безбедност“ и „ги известивме надлежните тела“, велат од компанијата.
Извршниот директор Бенедетоа Виња им испратил писмо на клиентите на овој престижен бренд во кој ги известил за инцидентот.
Италијанскиот производител минатата 2022 година испорачал вкупно 13.221 автомобил ширум светот, што преставува раст од 18,5 отсто во однос од претходната година.