Италијанскиот министер за одбрана итно превезен во болница

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска со возило на брза помош е пренесен во болница, јави АНСА, повикувајќи се на соопштение од неговото Министерство.

Крозето излегол пред да заврши состанокот на Врховниот совет за одбрана на Италија.

Засега нема други детали.