Италијанскиoт печат го слави доаѓањето на Хамилтон во Ферари

Ферари успеа да ја „поврати глобалната димензија“ земајќи го седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон од 2025 година, пишува италијанскиот печат во петокот, а спортсткиот весник La Gazzetta dello Sport му посака „добредојде шампиону“.

Заглавен меѓу „Синерманијата“, по крунисувањето на Јаник Синер на Австралија Опен, и неделната пресметка во Серија А меѓу Интер и Јувентус, громогласното доаѓање на Британецот во Ферари и натаму е една од главните теми на италијанските новинари.

La Gazzetta dello Sport посветува девет страници на она што го нарекува „црвениот погодок“, игра на зборови за италијанскиот израз „да се освои џекпот“. Спортскиот дневен весник го поздравува Британецот на своите розови страници, кому „долго му се додворуваше Скудерија и сега тоа е трансфер што ја рестартира Ф1 од комерцијална гледна точка“. Ако, се разбира, ги има предвид неговите приходи од 50 милиони евра годишно, неговата живописна личност и неговото неверојатно патување до врвот на Ф1, италијанскиот печат потсетува, како и Corriere dello Sport, дека Британецот „е шампион кој освои сè и кој знае како да победи“.

Под услов Скудерија, која ја нема освоено светската титула за возачи од 2007 година и титулата за конструктори од 2008 година, „му обезбеди совршен болид за влез во историјата“, предупредува La Gazzetta.

„Револуција 2025“ – за весникот La Stampa, Хамилтон, кој цели кон осмата светска титула за да го претекне Михаел Шумахер, кој возеше за Ферари од 1996 до 2006 година, е „роден да ја промени историјата“. Додека некои фанови, можеби, се загрижени за возраста на идниот возач на Ферари – 39 години, дневниот весник го интервјуираше Рикардо Цекарели, спортски лекар и основач на тренинг центарот „Formula Medicine“ кој работи посебно со Шарл Леклер, идниот тимски колега на Хамилтон.

„Луис не изгледа лошо за своите години и има долга кариера пред него. Кога размислуваме за мотоспортот, погрешно веруваме дека главните неопходни квалитети се реактивноста и рефлексите, но она што е најважно е мотивацијата, а Хамилтон е супермотивиран“, забележува Цекарели.

„Удар на Ферари од глобални размери“, посочува миланскиот дневен весник Corriere dellа Sera, која го објавува текстот на Жан Алези, поранешен возач на тимот на Скудерија, од 1991 до 1995 година. „Марката што ја напиша историјата на моторните трки се соедини со шампион со исклучителен престиж. Очекувам електрична авантура, трка по трка, која ќе предизвика универзален интерес“, одушевен е Французинот.

Од своја страна, La Repubblica инсистира на „револуцијата 2025 – шампионот и икона Хамилтон во Ферари“. Весникот истовремено објави интервју со поранешниот Ф1 возач, Јарно Трули, кој го ублажи општиот ентузијазам: „Зедоа некој исклучителен, со многу искуство и години, но тоа не гарантира победа. Хамилтон си го остварува сонот. За мене операцијата ќе му користи повеќе на Хамилтон отколку на Ферари“, оценува италијанскиот ас.