Италијанскиот Сенат го одобри барањето на премиерот Конте за продожување на вонредната состојба

Rome, Italy, 28 July 2020. ANSA/FABIO FRUSTACI

Горниот дом на италијанскиот парламент го одобри во вторникот барањето на премиерот Џузепе Конте за продолжување на вонредната состојна во земјата воведена поради епидемијата од коронавирусот до 15-ти октомври.

Опозициските партии го обвинија Конте дека сака да задржи премногу овластувања во своите раце, и покрај драматичниот пад на бројот на активно заразените случаи. Сепак, горниот дом на парламентот, Сенатот кој има вкупно 319 мандати, го одобри предлогот на Конте со 157 глаови „за“ и 125 гласови „против“.

„Продолжувањето на вонредната состоја е неозбежно и оправдоно, бидејќи вирусот сѐ уште циркулира во земјата“, рече Конте во вторникот вечерта во своето излагање пред сенаторите.

Во обидот да ја оправда својата позицијата, премиерот појасни дека бара продолжување на вонредната состојба затоа што смета дека 38-те владини уредби кои моментално се на сила ќе загинат на силата, што според него ќе го направи исклучително тешко настојувањето да се запре ширењето на коронавирусот во Италија. Конте се осврна притоа и на историското искуство со користењето на оваа мерка.

„Од 2014 година до денес вонредната состојба во Италија е воведена 154 пати и е продолжувана во 84 случаи“, истакна Конте.

Конте се откажа од првичниот план да побара вонредните овластувања да важат до крајот на годината. Премиерот, исто така, му предложи на парламентот да ја сподели одговорноста за носењето на оваа одлука со него.

„Апелирам до парламентарното мнозинство и до опозицијата, затоа што по ова прашање не треба да се придржуваме до мислењета предложувани од идеолошка и партиска припадност“, рече премиерот.

Конте, исто така, изрази надеж дека парламентарците ќе одобрат продолжување на вонредната состојба, бидејќи, како што кажа, тоа ќе има важни последици за целата земја.

Претставниците на парламентарната опозиција остро ја критикуваа намерата на Конте.

„Се плашам дека единствената вонредбата состоја во којашто моментално се наоѓа Италија е ситуацијата во којашто владиното мнозинство не знае не знае каде уште би ја удрило главата од карпа“, коментирапе челникот на десната партија Лига и поранешен вицепремиер Матео Салвини.

„Шокирана сум. Конте тврди во Сенатот дека владата, без вонредната состојба, не може да носи нормални уредби и закони. Тоа е огромна лага и многу јасен напад врз слободата“, напиша на Twitter Џорџа Мелони, лидерка на крајно десната партија Браќа на Италија.

Долниот дом, во кој коалицијата на порано европскептичното и антилитистичко Движење пет ѕвезди и лево-центирстичката Демократска партија имаат поголемо мнозинство отколку во Сенатот, за предлогот на Конте ќе гласа во среда.

Италија особено во март и април се соочи со големата здравствена криза предизвикана од епидемијата на корнавирусот којашто, пак, предизвика како и воопшто во светот силна економска криза, а вонредбата состојба требаше да трае до 31-ви јули беше воведена на 31-ви јануари.

Во замјата се потврдени 246.488 случаи на зараза со коронавирусот, а починаа 35.123 лица. Министерството за здравство во вторникот соопшти дека во последните 24 часа коронавирусот е потврден кај 181 лица, додека починале 11 лица, наспроти илјадниците коронаинфекции и стотиците смртни исходи во времето на пикот на епидемијата, кога Италија беше водечка во светот.