Италијанскиот Уставен суд го блокираше референдумот за евтаназија

ANSA/ANGELO CARCONI

Италијанскиот Уставен суд во вторникот вечерта го одби барањето да се одржи национален референдум за легализација на потпомогнатото самоубиство, откако заговорниците на оваа мерка сопраа милион потписи за поддршка, двојно повеќе од потребната бројка за да се одобри референдумот.

Италијанските поборници на правото на смрт настојуваат делумно да се укинат санкциите наметнати за лицата коишто помагаат во самоубиство на пациенти кои се болни од неизлечиво заболување ли трпат неподнослива болка и вече добиеле палијативна нега.

Уставниот суд на Италија во писмената изјава за медиумите наведува дека укинувањето на казната не би го осигурила минимумот на уставните стандарди коишто ја регулираат заштитата на човечкиот живот, „особено на слабите и ранливите“.

Судот во 2019 година делумно го декриминилизираше потпомогнатото самоубиство под одредени околности, доколку го одобрат локалните здравствени власти и етичката комисија, но исто така советуваше дека парламентот би требало да донесе закон со кој таа практика ќе биде регулирана.

Марко Карпато, еден од водечките поборници за спроведување на референдумот, изјави дека одлуката на Уставнито суд е „лоша вест за оние коишто патат и ќе мора да се соочат со уште подолго неподносливо патење против својата волја“.

Поборниците на ткн „право на смрт“ минатата 2021 година сопрале двојно повеќе од 500.000 потписи потребни да се побара распишување референдум во Италија која имаа популација од речиси 60 милиони.

Парламентот дискутира за закон кој би овозможил на болните во терминална фаза да бараат потппомогнато самоубиство преку националниот здравствен систем и би ги штител лекарите од правни тужби против нив во таквите постапки.

„Одлуката на Уставниот суд мора да го натера парламентот да донесе закон за потпомогнатото замоубиство“, нашиша на Twitter Енрико Лета, лидер на левичарската Демократска партија (PD).

Италијанските партии и натаму се длабоко поделени по ова прашање, со тоа што левиот центар главно ги поддржува потпомогнатото самоубиство, додека десниот центар се спротиставува.

Поглаварот на Римокатоличката црква, која е доста влијателна во Италија, папата Франциск, неодамна го осуди потппомогнатото самоубиство како неприфатлива девијација на медицинската етика.

Истражувањето на јавното мнение спроведено од агенцијата SWG 2019, покажува дека на тоа прашање 92 отсто од интервјуираните Италијанци одговориле дека поддржуваат потпомогнато самоубиство и евтаназија. Притоа, околу 45 отсто се главно за тоа, а 47 отсто само при одредени околности.