Италија ја повлече кандидатурата за организирање на ЛОИ 2024

Римскиот градоначалник Вирџинија Раџи од популистичка партија Пет Ѕвезди изјави дека градот има „поголеми приоритети од организацијата на една Олимпијада“, истакнувајќи ги посебно проблемот со собирањето на ѓубрето и корупцијата.

Претседателот на Италијанскиот олимпсики комитет, Џовани Малаго остро ја критикуваше одлуката на градоначалничката Раџи.

– Таа и Советот на Рим направија Италија да изгледа како будалетинка„ изјави Малаго за италијанските медиуми, изразувајќи жалење што земјата пропушти шанса за големи и значајни инвестиции во Рим.

Италијанската Влада ја подржуваше идејата, а зад неа застанаа и сите градски и општински центри околу Рим, но претседателот на Олимпискиот комитет Малаго инсистрираше зад предлог за организаицја на ЛОИ 2024 да застане и градот и неговиот Совет.

Според медиумите во Рим, Вирџинија Раџи само ја потврди одлуката што претходно ја донеса нејзината партија, која се определи против организирање Олимпијада во Рим, уште пред локалните избори на кои победи нивниот кандидат.

Во Рим се одржаа Олимписки игри во летото во 1960 година.

Ова е вторпат италијанскиот град да се повлече од трката за домаќин, зашто се повлече и пред шест години за Игрите во 2020 година.

Претходно се повлекоа и Бостон и Хамбург, па сега во трката останаа само Париз, Лос Анџелес и Будмипешта.