Иако сите се уште ја коментираат заслужената победа која ја извојуваа во дуелот против фаворизираната селекција на Уругвај, мал е број на тие кои веруваат дека репрезентативците на Костарика ќе излезат на крај и ќе забележат позитивен резултат во денешниот дуел против фаворитот од сенка за светската титула, репрезентацијата на Италија.
Петкратниот светски шампион одигра одлично во првото коло од групната фаза и сосема заслужено со 2:1 ја победи селекцијата на Англија.
И вечерва, најголема опасност пред противничкиот гол ќе биде контроверзниот напаѓач на италијанскиот калчо гигант Милан, Марио Балотели, а со евентуалните три бода, избраниците на Чезаре Прандели и математички ќе си обезбедат пласман во 1/8 финалната рунда.
„Италија е на вистинската патека. Костарика покажа дека е незгоден противник, дека игра модерно и организирано. За да го победиме следниот противник, ние мораме да одиграме совршено во сите 90 минути. Ако не го добиеме овој натпревар, тогаш никој нема да се сеќава на победата која ја забележавме против Англија. Ќе уништиме се добро што направивме на тој натпревар. Покажавме дека имаме победнички карактер, победнички менталитет, но не знам до каде е лимитот на овој тим, изјави предводникот на Италија.
Дуелот помеѓу Италија и Костарика стартува во 18:00 часот.