Антитерористички тим на италијанската полиција во реонот на Венеција уапси еден македонски државјанин, кој е осомничен за регрутирање на борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава, пренесува МИА.
Како што јави италијанската агенција АНСА, идентитетот на мекедонскиот државјанин не е објавен, само е посочено дека тој бил индоктринирани кон радикалниот ислам од страна на имам од Босна и Херцеговина.
Осомничениот е уапсен во рамки на истрагата против неколкумина лица по потекло од Балканот, кои живееле во североисточниот дел на Италија. Тие се осомничени за создавање на мрежа за регутиррање и индоктринација на странски борци за учество во војните на Блискиот Исток.
Поради истрагата, како што пишува агенцијата, уште двајца Македонци и еден Мароканец биле прогонети, а италијанските Карабинери следат уште тројца странски борци – еден Македонец и двајца Босанци, кои заминале од Италија во Сирија.
Двајца од нив биле убиени во 2013-тата и 2014-тата, рече полицијата.