– Ова е вистински пекол, потресите не престануваат, изјави Марко Риналди, градоначалник на градот Усита, кој е срамнет со земја од земјотресот во неделата.
Големи штети има во регионот на Кастеланџело сул Нера.
– Се е разурнато тука, а она што не е разурнато е нестабилно, изјави градоначалникот на ова населено место, Мауро Фалкучи.
Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети регионот вчера и вети дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ за да ги обнови населените места.
– Немаме волшебно стапче, но некако ќе го постигнеме тоа, дури и доколку тоа ни одземе многу време, додаде тој.
Ренци вети и брзо отпуштање помош за десетици илјади лица, кои останале без покрив над главата. Во моментот 22 илјади лица живеат во времени засолништа, но се смета дека бројот на луѓето без покрив над главата е многу поголем.