Поранешниот гувернер на Сицилија, Рафаел Ломбардо, е осуден на шест години и осум месеци затвор, бидејќи е прогласен за виновен за соработка со мафија.
Ломбардо, кој тврди дека е невин, соопштил дека ќе се жали на одлуката на судот во Катанија.
Тој во 2012-та година поднел оставка на местото на гувернерот на Сицилија поради овие обвиненија.
Ломбардо е избран за гувернер на Сицилија, бидејќи неговиот претходник, Салваторе Куфаро, е сменет и моментално служи седумгодишна казна затвор поради помагање на мафијата.