Шеестгодишен Италијанец е осуден на пет години затвор поради сексуална злоупотреба 11-годишно девојче, но е ослободен откако малата жртва пред судот изјавила дека е заљубена во него и дека сака да биде со него. Судијата ја повлекол пресудата бидејќи двојката, според него, била во романтична врска и не станува збор за злоупотреба.
Италијанските медиуми пишуваат дека педофилот е социјален работник од градот Катанзар во јужниот дел на земјата. Девојчето му било доделено на гржа поради трагичната животна судбина, а тој брутално ја искористил.
Полицијата по пријавата извршила претрес во неговата викендичка на море, а таму во креветот го пронашла девојчето.
Јавноста е шокирана од постапката на судот.