Италија: Уапсени тројца екстремисти кои регрутирале борци за ИД од Балканот

Италијанската полиција уапси тројца екстремисти, кои регрутирале борци од Балканот за Исламска држава, објавија италијанските медиуми, пренесува МИА.

Двајца од уапсените се Албанци, а едниот е италијански државјанин од мароканско потекло. Италијанските власти ги заплениле нивните мобилни телефони и таблет, на кои имало важни информации и снимки.

Италијанската полиција тврди дека  во Албанија откриен е камп за обука на исламисти.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано истакна дека апсењето значи дека системот на превенција функционира.