Италијанските преставници во Лигата на Европа, Фиорентина, Наполи, Интер и Торино забележаа победи на синоќешните натпревари во групната фаза од ова натпреварување.
Фиорентина беше поуспешна од белорускиот Динамо Минск, и славеше на гостувањето со убедливи 0:3. Првиот гол го постигна Аквилани во 31-та минута, а тоа беше и резултат на полувремето. Во вториот дел, Фиорентина набрзина, за само 6 минути постигна два погодока и со тоа го реши победникот на овој дуел. Најпрво Иличиќ во 61-та минута се запиша во листата на стрелците, а во 67-та минута Бернардески го постави конечниот резултат.
Наполи исто така имаше незгодно гостување кај Слован во Братислава, но успеа да забележи победа со 0:2. Творци на победата беа Хамшик во 35-та и “резервата” Игуаин во 74-та минута.
Победа со идентичен резултат како и Наполи забележа и Интер, но “нероазурите” славеа на домашен терен против тимот на Карабах, за кој целиот меч го одигра и нашиот репрезентативец Муарем Муарем. Погодоците за домашниот тим ги постигнаа Д’амбросио во 18-та и Икарди во 85-та минута.
Четвртиот преставник од Италија во Лигата на Европа, тимот на Торино се изнамачи на домашен терен против данскиот ФК Копенхаген, славејќи со гол од пенал во судиското надополнување. Погодокот вреден 3 бода го постигна Фабио Кваљарела од пенал во 94-та минута.
Резултати од второ коло во Лигата на Европа:
Резултати од 2.коло и табели:
А група: Цирих – Борусија Менхенгладбах 1:1, Виљареал – Аполон 4:0.
Табела: Виљареал 4 бодови, Аполон 3, Борусија Менхенгладбах 2, Цирих 1.
Б група: Торино – Копенхаген 1:0, ХЈК – Бриж 0:3.
Табела: Бриж 4, Торино 4, Копенхаген 3, ХЈК 0.
Ц група: Астерас – Партизан 2:0, Тотенхем – Бешикташ 1:1.
Табела: Астерас 4, Тотенхем 2, Бешикташ 2, Партизан 1.
Д група: Селтик – Динамо Загреб 1:0, Астра – Салцбург 1:2.
Табела: Салцбург 4, Селтик 4, Динамо Загреб 3, Астра 0.
Е група: Динамо Москва – ПСВ 1:0, Есторил – Панатинаикос 2:0.
Табела: Динамо Москва 6, Есторил 3, ПСВ 3, Панатинаикос 0.
Ф група: Интер – Карабах 2:0, Сент Етиен – Днипро 0:0.
Табела: Интер 6, Сент Етиен 2, Днипро 1, Карабах 1.
Г група: Феенорд – Стандард 2:1, Риека – Севиља 2:2.
Табела: Севиља 4, Стандард 3, Феенорд 3, Риека 1.
Х група: Красондар – Евертон 1:1, Волфсбург – Лил 1:1.
Табела: Евертон 4, Лил 2, Краснодар 2, Волфсбург 1.
И група: Слован Братислава – Наполи 0:2, Спарта Прага – Јанг Бојс 3:1.
Табела: Наполи 6, Јанг Бојс 3, Спарта Прага 3, Слован Братислава 0.
Ј група: Динамо Киев – Стеауа 3:1, Алборг – Рио Аве 1:0.
Табела: Динамо Киев 6, Стеауа 3, Алборг 3, Рио Аве 0.
К група: Динамо Минск – Фиорентина 0:3, Генгамп – ПАОК 2:0.
Табела: Фиорентина 6, ПАОК 3, Генгамп 3, Динамо Минск 0.
Л група: Локерен – Металист 1:0, Трабзон – Легија 0:1.
Табела: Легија 6, Локерен 3, Трабзон 3, Металист 0.