Една жена починала од повредите а уште три други лица се овредени во напад со нож во музеј во северна Италија, пренесуваат локалните медиуми,
Според медиумите, жена под полско потекло напаѓала со нож луѓе во гратчето Кането сул’Ољио. Весникот Repubblica пишува дека починатата жена е 54-годишна вработена во тамошниот музеј.
Напаѓачката, 58-годишна негувателка од Полска, чии мотиви засега не се познати. Агенцијата Ansa од полициски извори ја идентификува како Барбара Чмуржинска, и којашто имала ментални проблеми, а најверојатно во времето на инцидентот била и под дејство на алкохол.