Италијанската мафија со продажбата на наркотици во Италија заработува исто како компанијата „Фиат“ со продажба на автомобили, не не плаќаат данок, соопшти италијанското државно обвинителство, задолжено за борба против мафијата, пренесува „Ројтерс“.
Повикувајќи се на проценките на канцеларијата на ОН за наркотици и криминал, италијанското обвинителство соопшти дека организираните криминални групи во Италија годишно заработуваат повеќе од 32 милијарди евра со продажба на дрога.
Тоа е како најголемиот италијански производител на автомобили, заедно со своите доставувачи на делови и продажната мрежа, да ги исплатува сите плати и своите доставувачи, а сите производи да ги зема нелегално и без почитување на прописите, а потоа да ги продава и повторно да вложува без плаќање на каков било данок, се наведува во годишниот извештај на италијанското обвинителство.
Оттаму велат дека малата разлика е во тоа што границата на профитот на трговците со дрога е за најмалку 10 пати повисока од било кој друг индустриски произведувач.
Во документот од Обвинителството се истакнува дека калабриската мафија, позната како Ндрангета, станала најголем европски снабдувач со јужноамерикански кокаин.
Благодарениа на повластените врски со јужноамериканските криминални групи кои „имаат целосна доверба во калабриските кланови“, Ндрангета исто така, е главен снабдувач на кокаин и на другите криминални групи во Италија, тврди обвинителството.
Во Италија меѓу јули 2014 и јуни 2015 година се запленети скоро четири тони кокаин, што е осум пати помалку во споредба со истиот период претходната година.
Како и да е, во извештајот се споредуваат заработките во однос на компанијата „Фиат“ во Италија, а не со заработката на глобалната компанија „Фиат Крајслер“.