Во акцијата која била спроведена во соработка со албанската полиција уапсен е албанскиот државјанин Е.М.(29) од Валона и еден италијански државјанин.
По дојавата од албанската полиција, италијанските колеги чамецот го пресретнале на десет милји оддалеченост од Сант Андреа кај Лече.
Во меѓувреме грчката полиција кај селото Калпаќ, во близина на пограничниот град Јанина, заплени 104 килограми марихуана, внесена од Албанија.
Во ова криминално дело биле вклучени две возила, при што во едното била дрогата, маж и жена Албанци и еден Грк, додека во другото две грчки државјанки и четиригодишно дете, со цел, според полицијата, да не бидат сомнителни.
Освен дрогата полицијата во едно од возилата пронашла и оружје.