![17-385-](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/01/17-385-1-1.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во Италија продолжува битката со времето за пронаоѓање евентуални нови преживеани во лавината, која минатата недела затрупа хотел во централниот дел на земјата.
Спасувачите во моментов трагаат по 17 исчезнати луѓе. Синоќа тие пронајдоа шестмина загинати туристи, со што билансот на жртви се искачи на 12.
Досега живи беа извлечени 11 лица, но операциите продолжуваат во надеж дека и по шест дена, можеби има други преживеани.
Паралелно со спасувачката акција, се води и истрага за убиство од небрежност за да се утврди дали сите ризици биле земени во предвид, како при изградбата на хотелот, така и при текот на настаните во средата.