![Solc Makron Duda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/Solc-Makron-Duda.jpg?resize=640%2C457&ssl=1)
Полскиот премиер Доналд Туск, германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретнат во петок во Берлин на набрзина договорени разговори за помош за Украина, објави во средата Reuters.
Средбата ја најавил Туск, а ја потврдил и извор од германската влада. Тоа ќе биде прва средба на високо ниво на таканаречениот „Вајмарскиот триаголник“, платформа за политичка соработка меѓу Германија, Франција и Полска воспоставена во 1991 година, откако Туск се врати на чело на полската влада минатата година.
„Разговарав со претседателот за тоа како да ги мобилизирам партнерите во Европа“, рекол Туск по разговорите со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон. „За петок е свикан итен состанок на Вајмарскиот триаголник“, додал полскиот премиер.
Шолц и Макрон прво ќе разговараат одделно пред да му се придружат на Туск.
Средбата доаѓа во време на тензии меѓу француското и германското водство за повеќе прашања, особено политиката кон Украина. Макрон неодамна предизвика вистинска бура со изјавите дека не исклучува распоредување на копнени сили во Украина, на што се спротистави Берлин.
Од друга стана, доверливиот разговор на германски високи офицери околу начинот на испраќање на ракетите со долг дострел „Taurus“ во Украина, откри дека на ураинското боиште се присутни француски и британски офицери кои раководат со користењето на софистицираните ракетни системи со долг дострел SCALP/„Storm Shadow“.
Што е Вајмарскиот триaголник
Трипартнитните средби на Германија, Франција и Полска, познати како Вајмарскиот триаголник, со историска асоцијација, започнаа во 1991 година во Вајмар во Германија. Разговорите на почетокот имаа декларативна цел да ги приближи Полска и другите источноевропски поранешни комунистички земји кон Европската унија и НАТО, но последната деценија ја доби кончената форма за создавање ткн „санитарен коридор“ во однос на „руската опасност“.
Оваа платформа која во август 1991 година во Вајмар, две години по падот на Берлинскиот ѕид и една година од обединувањето на Германија и распадот на Советскиот сојуз, ја создадоа тројцата тогашни министри за надворешни работи, Французинот Ролан Дима, Германецот Ханс-Дитрих Геншер и Полјакот Кшиштоф Скубишевски, требаше да нагласи во регионот дека овие три земји имаат слична претстава за европската иднина. Овој неформален форум овозможуваше да се поттикне германско-полското помирување благодарејќи на француско-германското искуство.
Иако во текот на постоењето неретко запаѓаше во кризи, оваа платформа за политички дијалог, сепак, овозможи организирање десетина самити на шефовите на трите држави, многубројни министерски средби и програми за трилатерална соработка во сферите на одбраната, науката и културата.
Во 2014 годна тогашните министри на Вајмаркиот триаголник, Лорен Фабиус, Франк-Валтер Штајнмаер и Радослав Сикорски, посредуваа во февруари таа година во Киев во преговарањето за решавање на кризата меѓу тогашниот претседател Виктор Јанукович кој се согласи со предлозите за менување на претседателскиот систем во Украина и распишување предвремени претседателски избори, но тој договор премолчено од Франција, Германија и Полска беше изигран од тогашната украинска прозападна опозиција и Јанукович беше нелегално сменет, по што започнаа протестите во мнозински рускојазичните региони во југоисточна Украина што доведе до отцепувањето на полуостровот Крим и војната во Днобас.
По тој дипломатски дебакл, Вајмарскиот триаголник веќе не одржа средба во ниедна форма повеќе години, особено кога во Варшава на власт беше конзервативната националистичка Право и правда (PiS), која често влегуваше во конфронтации со Брисел и главните западноевропски престилнини.