Украинскиот парламент денеска одржува итна седница на која се расправа за ескалирањето на кризата во источниот дел на земјата.
Украинската армија е во акција за ставање под контрола на источна Украина каде што про-руски сепаратисти зазедоа државни објекти и полициски станици во неколку градови. Украинската влада тврди дека зад нередите стои Русија.
Москва, пак предупредува на хуманитарна криза во источна Украина, каде што, според неа, властите во Киев водат војна против сопствениот народ.