„Итна ситуација“ на руската вселенска сонда „Луна-25

Дојде до „итна ситуација“ на руското вселенско истражувачко летало „Луна-25“ во саботата, додека се подготвувало да премине во орбитата пред слетувањето по зададените параметри на темната страна на Месечината, соопшти руската национална вселенска агенција Роскосмос.

„Денеска, во согласност со програмата на летот на ‘Луна-25’, во 14,10 часот беше емитуван импулс за премин на станицата во орбитата пред слетување. Во текот на операцијата на автоматската станица настана вонредна ситауција којашто не дозволи да биде изведен маневарот со наведените параметри“, се вели во соопштението.

Стручњаците ја анализираат ситауцијата, додаваат од Роскосмос, но не се даваат други поединости за карактерот на проблемот.

Претходно Роскосмос ги објави првите снимки коишто ги направи сондата „Луна-25“ направени од „темната страна“ на природниот сателит на нашата планета која никогаш не е видлива од Земјата. Станува збор за снимки на кратерот Зееман. третиот најдлабок на месечевата јужна хемисфера близу полот, со дијаметар од 190 километри. Кратерот предизвикува голем интерес кај научнциите, бидејќи висината на рабовите кои го опкружуваат достигнува до осум километри над површината на релативно рамното дно.

Истовремено, биле примени и првите резултати добиени со повеќето лабораториски роботизирани системи кои се анализираат. Од Роскосмос соопштија дека досега примените податоци пружиле инфорамции за хемиските елементи во месечевата почва, и дека ќе бидат олеснети активностите на уредите специјално дизајнирани за проучување на површината на Месечината.

Се додава и дека опремата на леталото регистирала и „влијание на микрометеорити“. Слетувањето на „Луна-25“ е предвидено за 21-ви август.

Сондата „Луна-25“ влезе во орбитата на Месечината во средата, претркувајќи ја индиската сонда лансирана претходно, и станувајќи првото руско летало во таква мисија по 1976 година.

Со големина колку на помал автомобил, „Луна-25“ една година треба да работи на јужниот пол, во обид да го потврди постоењето на замрзната вода во месечевите кратери. Имено, изминаите години научниците на американската вселенска агенција NASA и други вселенски агенции врз база на снимки велат дека воочиле можни траги од замрзната вода.