„Голтарите на власта додека се богатат, граѓаните секој ден се повеќе осиромашуваат. Со мерките со кои што власта се фали дури над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Според статистиката растот на инфлацијата е повисок од растот на платите и пензиите. За година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека, под итно се потребни зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата, како и дека, вработените во образованието се потценети. Поради тоа е потребно усогласување на платите согласно Колективниот договор со што наставниците ќе земаат и до 45 илјади денари.
„Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатите. Работниците имаат право да се борат и да го бараат тоа што ги следува. Единствено реалниот раст на платите ќе го зачува стандардот на граѓаните“, се додава во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски треба да одговори реално во однос на пензиите дека ништо ново не нуди, а не само да го враќа моделот што беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година и со кој се покачуваа пензиите се до 2018 година, а кој го укина Заев.