Иван Богданов побегнал во Косово

Иван Богданов, познатиот навивач на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда, кој е познат по многубројни инциденти побегнал на Косово, за даго одбегне судењето за мечот Србија – Албанија. Поради тоа што влета на фудбалскиот терен за време на мечот Богданов може да добие казна затвор од 12 години.

Тој заедно со група хулигани влетал на теренот и за разлика до другите не носел маска. Камерите го забележале моментот.

Близок извор вели дека Богданов избегал во Косово кај негови пријатели, кои имаат добри врски во земјата.

Навивачот на Црвена Звезда се прослави уште во 2010, кога беше главен актер на немирите на натпреварот меѓу Италија и Србија. Беше осуден на три години и три месеци затвор, но следната година казната му беше сменета со протерување и забрана за влез во земји од ЕУ во наредните пет години.