Денес беше извршено примопредавање на функцијата директор на КЈП Водовод – Кочани.
На местото на досегашниот директор Андреј Киров, новиот градоначалник Љупчо Папазов го именуваше поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Иванов.
Веќе поранешниот директор пред медиумите истакна дека го остава претпријатието во добра кондиција, без долгови,со исплатени плати и платени сметки кон добавувачите. Како внатрепно лице во фирмата останува на фунцијата советник во Биро за развој.
Тој изјави дека самиот си поднел оставка, иако мандатот му траел до крајот на Мај идната 2022 година.
Новиот директор ни рече дека има развоен план за наредните 4 години и дека услугите ќе ги подигне на едно повисоко ниво.
Најавува соработка со поранешниот директор Киров кој оваа функција ја обавуваше 4 години, а исто така и со сегашниот градоначалник
Папазов, кој претходно функцијата ја обавуваше цели 8 години. Тоа за мене ќе биде непроценливо искуство и од голема помош.