Во Македонската Радио Телевизија деновиве се одржа аудиции за претставници на годинешната детска Евровизија, која ќе се одржи во ноември во Софија, соседна Бугарија.
Македонија повторно се враќа на јуниорската евровизиска сцена, по пауза од една година, а за нашата земја ќе настапат 13-годишните Ивана Петковска и Магдалена Алексовска од Скопје. МРТ ќе информира накнадно за останатите поединости околу песната и евровизискиот тим.
Инаку, Македонија учествува на јуниорската Евровизија уште од самиот нејзин почеток, во 2003 година, а само две години паузираше и тоа во 2012 и 2014 година. Најдобриот пласман досега е 5. место, постигнато два пати – првиот пат во 2007 година, кога не претставуваа Росица Кулакова и Димитар Стојменовски со „Ding Ding Dong“, а вториот пат следната 2008 година кога наш претставник беше Боби Андонов со песната „Прати ми СМС“.