Ова го истакнува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во интервјуто во Дневник одговарајќи на прашање поврзано со аболицијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Глобал“ и можноста за нејзиното повлекување.
Тој вели дека уште во првото обраќање за помилувањата рекол дека сите што сметаат оти на некој начин со овој чин сум ги навредил или сторена е неправда кон нив, можат лично да побараат да се најде правен начин за повлекување на нивното помилување и тие на суд да си ја докажуваат нивната невиност.
-Kога се јавија неколку од помилуваните, имав над 20 средби со врвни правници за да се излезе во пресрет на сите што тоа го побараа. Сите консултирани експерти укажаа дека единствен начин да се оствари таква можност е преку измени на Законот за помилувањето. Тоа им беше соопштено на претставниците на партиите и тие ја иницираа постапката за измени на Законот за помилувањето. Kога се донесоа законските измени, го направив првото повлекување за оние што беа најпрозвани, а за другите очекував дека сами ќе достават барања бидејќи тоа и јавно го бараа од мене. Им оставив доволно време во законски утврдениот рок да достават барање. Kога видов дека никој не доставува такво барање, ги повлеков помилувањата и за преостанатите, објаснува претседателот.