Иванов: Беа мобилизирани криминални структури за да прават нереди и насилство во државата

Иванов: Беа мобилизирани криминални структури за да прават нереди и насилство во државата
Иванов: Беа мобилизирани криминални структури за да прават нереди и насилство во државата
Уште од почетокот на кризата нашите пријателски држави и нивните служби нè известуваа за тоа што нè очекува и што се подготвува. Оние што мислеа дека можат да направат насилни акти и активности што не се во согласност со Уставот и законите си ги потценија сопствената држава и нејзините институции и служби. Не само што сме перманентно известувани од партнерските служби туку и претседателите на неколку држави лично ми соопштија детали за сценаријата што се подготвувани за Македонија и за она што допрва нè очекува.

Ова го истакнува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во интервјуто за Дневник каде што вели дека безбедносните информации говорат дека сценариото за насилните демонстрации било подготвено однапред и секако ќе се случело, а помилувањата само го забрзале тој процес.

-Има информации и од нашите служби кои сега не можам да ги соопштам јавно. Треба да се знае и дека беа мобилизирани и активирани и одредени криминални структури и поранешни затвореници за да прават нереди и насилство во државата. Нашите служби заслужуваат пофалба за тоа што информираа и превенираа навреме, вели Иванов.