![o-GJORGE-IVANOV-facebook](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/o-GJORGE-IVANOV-facebook.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
На дебатата со претседателските кандидати на МТВ, во однос на безбедноста на државата Иванов изјава дека Македонија е потполна безбедна освен при поединечни случаи кои се обидуваат да ја дестабилизираат државата.
Тој изјави дека во времето на СДСМ воопшто немало координација меѓу службите на безбедноста и одбраната и дејствувале според план од 1993 година.
„Сите институции работат во согласност со измените за состојбите со кризи, имаат меѓусебна координација и софистицирана опрема во која е инвестирано. На тој начин се дибиваат сите потребни информации за безбедноста на државата,“ изјави Иванов.
Во однос на добрососедските односи тој истакна дека односите никогаш не биле подобри.Потенцираше дека на Балканот му е потребно ново оврзување преку автопатишта, гасоводи, далноводи со што ќе се создаде нова слика и перцепција за земјите од регионот.