Иванов: Божик нé поттикнува на разбирање и почитување

Честитка од Иванов до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.

„Празнувајќи го Божик ние се потсетуваме на еден од најзначајните моменти во историјата – денот кога Синот Божји поради љубовта кон човештвото се отелотвори и стана човек. Поистоветувајќи се со нас, Христос ни овозможи и ние да се поистоветиме со Неговите заповеди – да имаме љубов кон Бога и солидарност кон нашите ближни, да простуваме за да ни се прости, да бидеме милостиви заради милоста што веќе ни е укажана. Рождеството Христово – Божик како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството треба да нé поттикне кон меѓусебно разбирање и почитување како услов за успех на општеството“, се вели во честитката на Иванов.

Со таа мисла, се вели во честитката, упатувам искрени желби за мир, љубов и заедништво, бидејќи само така ќе успееме да изградиме просперитетна иднина и подобар живот за сите граѓани во Република Македонија.