и од многу опрема која е неопходна за да може да се справиме со овој предизвик, истакна претседателот Иванов, посочувајќи дека само безбедносните служби месечно трошат околу еден милион евра. За изминатите пет месеци, како што рече, Македонија потрошила пет милиони евра непланирани средства само за безбедносните служби, а притоа не сметајќи ги трошоците за здравство како и услугите на Министерството за труд и социјална политика.
Иванов посочи дека на сите негови меѓународни настапи барал Македонија да биде вклучена во носењето одлуки на ЕУ што се однесуваат на балканскиот мигрантски коридор.
– Се гледа дека ова ќе трае и ќе мора нашата земја да се прилагоди, бидејќи живееме на најбрзиот коридор. Ова на некој начин е и порака до ЕУ, затоа што водела погрешна политика во однос на интегрирањето. Ако Македонија и Србија беа дел од Европската унија, тогаш многу поуспешно ќе се справувавме со сето ова, порача Иванов.
Одговарајќи на новинарско прашање, Иванов рече дека финансиската помош од Европската унија се уште не е пристигната. Нагласи дека Македонија и Србија иако не се дел од ЕУ, сепак ги трпат последиците од нефункционирање на институциите во самата Европска унија. Македонскиот претседател порача дека на вонредниот самит во недела свикан од претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, очекува поголема