Иванов денес ќе има обраќање до граѓаните

По кусата средба во вилата на Водно од кабинетот на претседателот на Република Македонија соопштуваат дека претседателот Ѓорге Иванов ќе има обраќање до граѓаните.

Точното време на обраќањето не е соопштено, а во соопштението стои дека Иванов ќе се обрати во текот на денешниот ден.