Иванов денеска во Јужна Македонија

Караванот на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов и неговиот тим за поддршка денеска ќе одржи средби и митинзи во јужна Македонија.

Иванов, кој по втор пат ја бара довербата од граѓаните, ќе се сретне со жителите на Богданци и Дојран, а ќе одржи митинзи во Демир Капија и Гевгелија.

Досега Иванов и „Тим Македонија“  посетија повеќе македонски градови во рамки на неговата предизборна кампања. Тој кампањата ја започна со голем митинг во Охрид на 24 март, а ќе ја заврши на 5 април со централен митинг во Скопје.

Пред своите поддржувачи, симпатизери и гласачи Иванов истaкна дека и во новиот мандат, доколку победи, ќе се посвети на економскиот развој на Македонија.