Нема ден а некој да не ме праша зошто ги прифатив, а уште повеќе зошто не ги активирав гаранциите на премиерот Зоран Заев за да му го дадам мандатот. Мојот одговор е дека со неговиот потпис на тие писмени гаранции јас ставив вето на законот за употреба на јазиците и законот за ратификација на спогодбата од Преспа, рече претседател Ѓорге Иванов од собраниската говорница.
Со тоа, појасни шефот на државата, гаранциите се активирани, а активирани се бидејќи сме соочени со апсурд,
Иванов посочи дека според последните истражувања, мнозинството млади сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека тоа не треба да никого да изненадува, бидејќи, како што рече станавме држава во која се започнува наопаку.
„Прво се побара поддршка од граѓаните на избори, а дури потоа им се соопшти дека всушност гласале за Тиранска платформа и грчка спогодба. Прво се донесе закон за употреба на јазиците, а дури потоа се најави дека ќе се побарало мислење од Венецијанската комисија. Прво се апсеа пратеници, а дури потоа им се симнуваше пратеничкиот имунитет. Прво се прифати спогодба за името, а дури потоа бев информиран како Претседател на државата. Прво се донесе таа штетна грчка спогодба, а дури потоа граѓаните беа прашани на референдум, нагласи Иванов, дополнувајќи и дека власта прво се согласила на промена на Уставот, а потоа изнудува 2/3 мнозинство, и тоа преку уцена на пратеници и дека се согласила на грчки договор, а дури потоа глуми јавна дебата“, рече шефот на државата.
Упатувајќи порака дека законите треба да се почитуваат, институциите да соработуваат и да вршат контрола едни над други, шефот на државата рече дека само преку владеењето на правото и законските механизми, државата може да ја остварува својата суштина – а тоа е да се грижи за општото добро на граѓаните.