Иванов: Граѓаните го трасираат патот по кој ќе оди Македонија

На 13 април, направивме голема разлика, разлика од 123 илјади гласа. Но најголемата разлика ја направивте вие во Гази Баба. Ви честитам. Затоа ги поздравувам Унијата на млади сили, унијата на жени, унијата на ветерани на Гази Баба. Сите што ја направија разликата, истакна Ѓорѓе Иванов на денешниот митинг во Гази Баба.

„Благодарам што со вашиот глас потврдивте дека водиме исправна политика, исправна политика за Република Македонија. Благодарам што ја потврдивте политиката, и што ни овозможува денес, да бидеме меѓу вас со чист образ. Со чист образ затоа што покажавме дека и во политиката се почитуваат принципи. Дека и во политиката може да се биде чесен, да се биде искрен и да се биде вреден. Тоа вие го наградувате. Искреноста значи да се има јасен став за сите прашања, за интересите на граѓаните на Република Македонија. Чесноста значи работа,  и само работа. Чесно да се работи  за интересите на граѓаните на Република Македонија. Трудољубивостзначи не да се седи во кабинет, туку  да се биде со  граѓаните. Од граѓаните да се дознаваат нивните потреби, нивните проблеми, и на основа на тоа да се прави програма на чија основа се добива вашата доверба. Со чесност придонесуваме кон стабилна Македонија. Само чесни луѓе, луѓе од збор, стабилни луѓе,  можат да градат стабилна држава. Држава во која владее правото, држава во која сите сме еднакви пред законот. Со искреност градиме доверба меѓу државата и граѓаните. Излегуваме пред вас, исто онака како што излеговме пред пет години  со конкретна програма.Неодамна поднесовме и отчет, да ви кажеме што сме сработиле. Знаеме дека граѓаните ја почитуваат искреноста и ја наградуваат искреноста“, рече Иванов.

PRM_7410

Тој пред граѓаните од Гази Баба истакна дека  од меѓусебната доверба се гради нова верба, вербадека Македонија може да успее и дека во Македонија секој може да успее.

„Покажавте дека и во Македонија се менува политиката. Дека политиката не се вреднува само со убави зборови и празни ветувања. Покажавте дека политиката се вреднува со број на отворени  работни места, со економски просперитет и успех на Македонија. Тоа е успешна политика.  За овие пет години покажавме дека институциите  не само што треба туку и мора да соработуваат. Кога соработуваат институциите во Македонија имаме израз на заедништво. Имаме еден глас кој ја претставува Македонија низ сите институции низ светот.  Кога имаме единство во државниот врв,  имаме и успеси. Тогаш не почитуваат од надвор. Тогаш сите ја забележуваат разликата“, истакна Иванов.

Тој рече дека изминативе пет години докажал дека неговиот даден збор е негова обврска. Неговата програма, рече, е програма на граѓаните кои го трасираат патот по кој треба да се води Македонија.

PRM_7555

„Македонија, како  економски силна и просперитетна држава. Македонија  членка на Европската унија и членка на НАТО.  Македонија која гради добри односи со сите свои соседи.Македонија која е посветена на младите, која инвестира во нивно квалитетно образование и отворање перспективи да живеат и да работат во Македонија. Да основаат семејства младите во Македонија, да оставаат свое потомство во Македонија. Македонија, држава во која се негува вековната традиција, традиција на соживот. Земја во која се почитуваат сета различитост.Но, Македонија е земја насолидарноста, која е  дом на благосостојба на  сите граѓани на Република Македонија.Затоа почитувани граѓани, Вашиот глас за мене, вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ и  коалицијата „За подобра Македонија“ е глас за самите вас, глас за вашите семејства, глас за вашите општини, глас за Македонија. Да ја оствариме нашата историска цел, и со гордост да кажеме: Македонија оди по патот на напредокот, Македонија се гради,Тоа е наш заеднички успех, успех на Македонија“, истакна Иванов.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија ги повика граѓаните масовно да излезат в недела да гласаат за иднината на Република Македонија.