Претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски по повод Велики Петок ја посетија црквата „Успение на Пресвета Богородица“ каде присуствуваа на бдението со пеење на статии – Оплакување Христово.
Претседателот Иванов на христијанските верници им посака претстојните Велигденски празници да ги поминат во спокојство, мир, радост и семејна хармонија
Воедно Иванов и Груевски остварија средба и со младите од Македонска Каменица со кои разменија мислења околу севкупните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во процесот на образование и процесот на вработување.
Младите од Македонска Каменица ја поздравија досегашната посветеност на претседателот Иванов на студентите и воопшто на младите генерации во Република Македонија.