Иванов како покровител ќе се обрати на отворањето на Браќа Манаки

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати на свеченото отворање на 35. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, со почеток во 20:00 часот во Домот на култура во Битола.

Годинешното 35. издание на фестивалот „Браќа Манаки”, што традиционално се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, е под мотото „Кон ѕвездите“.