Иванов: Кампања на „Фејсбук“ и водење држава не е исто

По пет го­ди­ни на пре­тсе­да­тел­ска­та функ­ци­ја по­ра­неш­ни­от про­фе­сор по­втор­но вле­гу­ва во из­бор­на кам­па­ња. Нај­го­ле­ми аду­ти му се огром­ни­от про­цент гра­ѓа­ни што сме­та­ат де­ка е че­сен по­ли­ти­чар, цвр­ста­та по­зи­ци­ја за та­ка­на­ре­че­ни­те иден­ти­тет­ски пра­ша­ња и прин­ци­пи­ел­ни­от остар став кон си­те што не ги по­чи­ту­ва­ат ма­ке­дон­ски­от ја­зик и на­ци­ја.

Во интервју за „Република“, Иванов не са­ка да од­го­во­ри на на­па­ди­те од нај­го­ле­ми­от по­ли­тич­ки про­тив­ник Сте­во Пен­да­ров­ски, кој остро го на­пад­на отка­ко бе­ше из­бран на кон­гре­сот на СДСМ. Де­ла­та не­ка го­во­рат за не­го, мал­ку ка­ко на ше­га ве­ли Ива­нов. Ги по­чи­ту­ва си­те про­ти­вкан­ди­да­ти, но уве­рен е де­ка по­сто­ја­но­то кри­ти­ку­ва­ње од стра­на без да се сра­бо­ти ни­што, ска­па­та кам­па­ња на „Фејс­бук“, до­го­во­рот со Ах­ме­ти и дод­во­ру­ва­ње­то кон стран­ци­те и кон Цр­вен­ков­ски не мо­же да до­ве­дат ни­ко­го до пре­тсе­да­тел­ска­та по­зи­ци­ја.

„Ус­пе­ав­ме да го зго­ле­ми­ме ме­ѓу­на­род­ни­от уг­лед на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. На кон­цеп­тот на за­тво­ре­ност и иск­лу­чи­вост му го спро­тив­ста­вив­ме кон­цеп­тот на отво­ре­ност кон си­те во над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка. Пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та и пет­те пос­ле­до­ва­тел­ни пре­по­ра­ки од Европ­ска­та ко­ми­си­ја за по­че­ток на при­стап­ни­те пре­го­во­ри до­вол­но го­во­рат за ис­прав­но­ста и за из­др­жа­но­ста на на­ша­та по­ли­ти­ка. Во­дев мно­гу актив­на над­во­реш­на по­ли­ти­ка на отво­ре­ност кон си­те, ги јак­нев­ме ста­ри­те и соз­да­вав­ме но­ви при­ја­телс­тва. Мно­гу вни­ма­ние и енер­ги­ја вло­жив­ме во отво­ра­ње­то но­ви перс­пе­кти­ви за на­ша­та еко­но­ми­ја, но­ви па­за­ри и но­ви мож­но­сти, прив­ле­ку­ва­ње стран­ски ин­ве­сти­то­ри, обез­бе­ду­ва­ње енер­гет­ска ид­ни­на, не­шта што ќе го по­диг­нат жи­вот­ни­от стан­дард и ќе отво­рат но­ви ра­бо­ти ме­ста. Мно­гу вре­ме по­све­тив­ме на мла­ди­те, на бу­де­ње на прет­при­е­мач­ки­от дух, по­до­бру­ва­ње на ус­ло­ви­те за ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние, на­уч­но-истра­жу­вач­ка деј­ност, ли­дер­ски ве­шти­ни“, вели претседателот Иванов во интервју за „Република“.