Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по лидерската средба во Клубот на пратеници во Скопје изјави дека се додека не добие писмен документ за предлогот со името, не може да се произнесе и да гради став за предлозите. Иванов додаде дека тоа е усна информација и за Илинденска Македонија ќе го каже ставот кога ќе добие на писмено, бидејќи, како што кажа, не можеме на хипотетични ситуации и информации информации, кои се некогаш и емотивни да градиме државна политика и ставови.
Ова е средба од информативен карактер на кој премиерот и министерот за надворешни работи не информираа за последниот тек на настаните поврзани со процесот за изнаоѓање решение со проблемот што го има нашиот сосед со уставното име. Бевме прв пат информирани за работи за кои прв пат ги слушнавме. Тие се усно пренесени и очекувам за сите предлози и идеи да добиеме и писмен документ за да може да се гради став. Очекуваме дека во иднина нема да бидеме селективно и нецелосно информирани и дека ќе имаме увид за предлогот што го дала грчката страна за да знаеме за кои прашања се разговара. До сега сум бил принципиелен и сум се придржувал на претходните ставови кои ги изградиле претседателите на Република Македонија, а тоа е дека процесот мора да се води во рамка утврдена од процесот на Обединетите Нации и било кој документ мора да биде предмет на анализа и за тоа мора се дконсултираат екпсерти по меѓународно прави и меѓународни односи, изјави Иванов по лидерската средба.