Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, во рамки на посета на Руската Федерација, ќе го посети московскиот државен универзитет „Ломоносов“.
Како што е најавено, на свечена церемонија на претседателот Иванов ќе му биде доделена титулата „Почесен професор на Универзитетот Ломоносов“.
На свеченоста македонскиот претседател ќе ги одликува со орден и медал за заслуги Евгениј Суханов, доктор по правни науки, професор, заслужен научник на Руската Федерација, шеф на катедрата за граѓанско право во „Ломоносов“ и Елена Верижникова, доцент на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет.