Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, на први јануари во 12 часот, ќе ги посети припадниците на Командата за обука и доктрини на АРМ во касарната ,,Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес, каде ќе биде придружуван од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.
За време на посетата, Претседателот Иванов на припадниците на Командата за обука и доктрини кои извршуваат должност за време на Новогодишните празници ќе им ја честита Новата 2014 година, при што е предвидено со нив да има и заеднички ручек.