Иванов ќе се кандидира за втор мандат

Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука да ја прифати иницијативата за негово кандидирање за втор мандат како претседател на државата.

Иванов во денешното обраќање до македонската јавност истакна дека со чест и желба за нови успеси ќе ја поднесе неговата кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со чест и со задоволство имајќи ги во предвид сите предизвици и перспективи со кои се соочуваме со посветеност и одговорен пристап со желба за постигнување на понатамошни успеси за нашата татковина кои ќе бидат од интерес за сите граѓани сакам да изјавам дека донесов одлука да ја прифатам иницијативата за мое кандидирање за претседател на Република Македонија и дека ќе ја поднесам мојата кандидатура на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор за кандидат за претседател на Република Македонија“, рече Иванов во своето обраќање.

Иницијативата за кандидирање на Иванов ја поднесоа педесетина интелектуалци и јавни личности, а подоцна беше потпишана и од високи функционери на ВМРО ДПМНЕ.

Конвенцијата на владејачката партија за избор на кандидат за претседател ќе се одржи на први март. Досега, како што вчера информираа од партијата, кандидатура поднел само професорот Јове Кекеновски.