Иванов: Моделот на соживот е силата на Македонија

Претседателот Иванов денеска оствари средба со жителите на с. Жировница. Тој го поздрави меѓуетничкиот соживот и посочи дека и понатаму ќе биде посветен на унапредување на македонскиот модел на соживот, бидејќи во него е силата на Македонија и единството на народот.

Жителите на Жировница изразија поддршка за досегашната политика на Иванов, како и за неговата посветеност на интересите на граѓаните. Иванов  во Жировница ја претстави својата изборна програма и посочувајќи дека се што беше ветено пред пет години е реализирано, повторно ја побара довербата.

Тој истакна дека благодарејќи на тимската работа и постојаните реформи Македонија добива изглед на економски развиена и современа европска држава.

ii

Исто така претседателот Иванов истакна дека и во иднина ќе ги поддржува сите проекти со кои ќе се задоволат потребите на граѓаните во сите населени места.

По повод христијанскиот празник Свето Благовештение (Благовец), претседателот Иванов го посети и манастирот „Св. Јован Бигорски“.